98 загинати и 160 повредени при уривање на ноќен клуб во Санто Доминго

Во раните утрински часови во вторникот, за време на концерт во престижниот клуб „Jet Set“ во главниот град на Доминиканска Република, Санто Доминго, се урна покривот на зградата, при што загинаа најмалку 98 лица, а 160 се повредени.
epa12018160 Members of the fire and rescue services evacuate an injured person at the scene after the collapse of the Jet Set Club's roof in Santo Domingo, Dominican Republic, 08 April 2025. The death toll from the collapse of the roof of a popular discotheque in the Dominican capital has risen to 18, while the number of injured is over a hundred and there is an undetermined number of people trapped in the rubble, according to the latest provisional data from the Emergency Operations Center (COE). EPA-EFE/ORLANDO BARRIA

На концертот присуствувале политичари, спортисти и многу други јавни личности. Директорот на Центарот за вонредни ситуации, Хуан Мануел Мендез, изјави дека спасувачките екипи неуморно ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.

„Сѐ уште отстрануваме делови од руините и ги слушаме повиците за помош. Ќе продолжиме сè додека не го најдеме и последниот човек,“ изјави Мендез доцна во вторникот.

Дванаесет часа по несреќата, спасувачите продолжија со потрагата, користејќи алати и дрвени греди за да подигнат бетонски плочи, додека звуците на бушалки одекнуваа низ воздухот.

Меѓу загинатите се познати имиња

Меѓу жртвите се и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи – Нелси Круз, сестра на познатиот MLB играч, Нелсон Круз. Таа успеала да го контактира претседателот Луис Абинадер веднаш по несреќата, но починала подоцна во болница.

Почина и поранешниот MLB фрлач, Октавио Дотел (51), како и доминиканскиот бејзбол играч Тони Енрике Бланко Кабрера, потврди портпаролот на професионалната бејзбол лига, Сатоски Тереро.

Пратеникот Брај Варгас е меѓу повредените, а судбината на пејачот Руби Перез сè уште не е потврдена – првично беше соопштено дека е спасен, но тоа подоцна беше демантирано. Перезовиот менаџер, Енрике Паулино, кој бил повреден и со крвава кошула, изјави дека покривот се урнал помалку од еден час по почетокот на концертот, при што загинал и саксофонистот на бендот.

„Се случи многу брзо. Се фрлив во еден агол и мислев дека е земјотрес“, рече тој.

Причината непозната, истрагата во тек

Причината за уривањето сè уште не е позната, ниту пак е утврдено кога последен пат била направена инспекција на објектот. Властите најавија детална истрага, а клубот издаде соопштение во кое наведува дека целосно соработува со надлежните институции.

Сопственикот на клубот, Антонио Еспахат, кој бил во странство во моментот на несреќата, се вратил во државата доцна во вторникот и изјави: „Нема зборови кои можат да го опишат болката што ја чувствуваме. Ова е трагедија што нѐ погоди сите.“

Во близина на клубот е поставена импровизирана мртовечница, додека стотици луѓе чекаат ред за да дадат крв во болниците. Пред една од нив, се читаат имиња на преживеаните, додека семејствата ги повикуваат имињата на своите најблиски во надеж дека ќе ги слушнат.

Десетици лица се собраа и пред Институтот за форензичка патологија, каде што беа објавени фотографии од жртвите за идентификација.

Претседателот Луис Абинадер лично присуствуваше на местото на несреќата, ги тешеше семејствата и истакна дека сите служби се мобилизирани. „Имаме вера во Бог дека ќе спасиме уште живи,“ рече тој.

Додека спасувачите работат, еден службеник со мегафон апелираше до граѓаните: „Мора да соработувате со властите, ве молиме. Сѐ уште извлекуваме луѓе.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни