Норвешкиот совет за информации за патен сообраќај соопшти дека 94,3 отсто од новорегистрираните автомобили биле електрични – на прво место се моделите на Тесла, по што следат Хјундаи и Нисан.
Со ова Норвежаните го срушиле претходниот рекорд поставен во јануари, кога продажбата на електрични автомобили надминала 92 отсто. Норвешка е исклучок во Европа, каде што опаѓа продажбата на електрични автомобили поради нивната висока цена и непотполна инфраструктура која им е потребна.
Норвешка како произведувач на гас и нафта има цел од 2025 година, десет година пред остатокот од ЕУ да продава само автомобили со „нулта емисија“ на издувни гасови, односно електрични.
За да го постигне тоа, Норвешка воведе поволни даноци, кои електричните автомобили ги прават поконкурентни во однос на останатите автомобили.
„Ниту една земја во светот не е блиску до Норвешка. Доколку продолжиме вака, наскоро ќе ја постигнеме целта од 100 отсто автомобили со нулта емисија до 2025 година“ изјави Оивинд Солберг Торсен, директор на Советот за патен сообраќај.
Електричните автомобили претставуваа 12,1 отсто од продажбата на нови автомобили во ЕУ во јули, далеку зад бензинците (33,4 отсто), хибридите (32 отсто) и дизел (12,6 отсто) возилата.
Извор: Н1