9,2 милијарди евра им должат граѓаните на банките

Долгот на граѓаните по основ на потрошувачки кредити во октомври достигна 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), што претставува годишен раст од 7,2%. Станбените кредити исто така бележат значителен раст од 11,3%, со вкупен долг од 91,2 милиони денари. Најголем годишен раст од 13,6% е забележан кај автомобилските кредити, иако нивниот вкупен износ останува мал во споредба со останатите категории

Според најновите податоци на Народната банка, задолженоста на граѓаните кај банките достигна 245,2 милиони денари (3,9 милијарди евра). Овој долг е дел од вкупно 9,2 милијарди евра кредити што банките ги имаат одобрено на граѓаните и компаниите.

Долгот на граѓаните по основ на потрошувачки кредити во октомври достигна 126,3 милиони денари (повеќе од 2 милијарди евра), што претставува годишен раст од 7,2%. Станбените кредити исто така бележат значителен раст од 11,3%, со вкупен долг од 91,2 милиони денари. Најголем годишен раст од 13,6% е забележан кај автомобилските кредити, иако нивниот вкупен износ останува мал во споредба со останатите категории.

Кредитите одобрени преку кредитни картички и негативни салда покажале минимален месечен раст, додека на годишно ниво забележуваат намалување од 8,5% и 0,8%, соодветно. Кредитите одобрени по други основи, и покрај месечниот раст од 0,4%, бележат годишен пад од 16,1%.

И покрај растечката задолженост, граѓаните продолжуваат да штедат. Во октомври депозитите на граѓаните се зголемиле за 11% и сега изнесуваат 6 милијарди евра. Заедно со депозитите на компаниите, вкупната сума достигнува над 9,2 милијарди евра.

Овие податоци покажуваат континуиран тренд на раст и кај задолженоста и кај штедењето, што ја отсликува динамиката на финансиските навики на граѓаните и компаниите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни