91 отсто од домаќинствата во Македонија имаат пристап до интернет

Пенетрацијата на интернетот во македонските домаќинства достигна 90,8 отсто во првиот квартал од оваа година.

Според податоците од Државниот завод за статистика 91,2 отсто од сите луѓе на возраст помеѓу 15 и 74 години во земјава користеле интернет, додека 76,4 отсто од нив секојдневно пристапувале на интернет.

Се почесто е и користењето на интернет за нарачување и купување на стоки и услуги во земјава. Според податоците 63,5 отсто од лицата пазареле преку интернет во последниве 12 месеци.

Со ваквите бројки Македонија е во рамките на европскиот просек. На ниво на Европа, 91 отсто од возрасните користеле интернет, а 70 отсто од корисниците на интернет, ја користеле мрежата за нарачување и купување на стоки и услуги.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни