Девет години од невремето во Стајковци со 22 загинати

Во невремето 22 лица го загубија животот од кои најмладото е двегодишно дете, многумина беа повредени, а голем број на домови уништени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, тој ден во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.

Големото невреме со интензивни врнежи од дожд и поплави што ги зафати скопските населби Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто и околината пред девет години однесе 22 животи. Денеска, на годишнината од трагичниот настан од 2016 година, градоначалникот на Општината Гази Баба, Бобан Стефковски најави дека ќе започне постапка за поставување на спомен-плоча, како симбол на сеќавање и почит.

„Следната година, 2026, ќе одбележиме 50 години од постоењето на нашата општина и 10 години од трагичните поплави. Токму затоа, ќе започнам иницијатива за поставување на спомен-плоча, како симбол на сеќавање и почит, но и на храброста, солидарноста и човечноста кои ги покажавме како народ, рече Стефковски и ги повика граѓаните, институциите и организациите да се вклучат во иницијативата.

Во невремето 22 лица го загубија животот од кои најмладото е двегодишно дете, многумина беа повредени, а голем број на домови уништени. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, тој ден во Скопје наврнале 93 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.

Владата прогласи кризна состојба, а Црвениот крст и граѓаните организираа хуманитарни акции за помош на настраданите.

Извор: Meта.мк

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни