Размислете само колку кафе се пие во светот и колку талог од кафе се фрла секој ден, без разлика дали во домаќинствата или во кафулињата и рестораните.
Повеќето од нас би си помислиле дека немаме корист од талогот од кафе, па затоа го фрламе во канта, но тоа не е така. Данците велат дека талогот ги содржи најдобрите делови од кафето и дека не треба да го фрламе.
Бидејќи Данците се едни од водечките љубители на кафе во светот, Beyond Coffee го прави следново: тие набавуваат талог од кафе од кафулињата кои инаку би го фрлиле и ги користат за…одгледување буковки.
И вие можете да бидете свој одгледувач.
Изладениот талог од кафе се меша со мицелиум, вегетативниот дел од габата кој се состои од разгранети нишки. Сето ова се чува во контејнери, а процесот на растење трае четири недели.

Најпрво се чуваат три недели на топло и темно место кое ја симулира почвата во која би растеле во природа. Потоа една недела се преместуваат во поладни простории со висока влажност и повеќе светлина. Тогаш почнуваат да никнуваат буковки.
Тие, исто така, тврдат дека истиот талог може да се искористи повеќе пати за да се одгледуваат печурки, а кога ќе го искористат талогот до крај, им го предаваат на фармерите бо Данска, кои продолжуваат да го користат.
Печурките од буковка растат на само километар оддалеченост од продавницата каде потоа се продаваат.

Но, ние самите можете да купите и мицелиум и сет од рециклирани материјали за да почнеме со домашно одгледување, користејќи го и талогот кој останува од кафето дома.
За само еден месец ќе имате свои јастиви буковки.
Бидејќи оваа форма на одгледување печурки се шири низ светот – се проценува дека во моментов има пет илјади иницијативи кои се занимаваат со тоа.

Не мора да одите во Beyond Coffee за да набавите печурки или состојки, но доколку се најдете во близина, можете да застанете за да си купите шолја за кафе делумно направена од талог од кафе.