„Конечно решение на еврејското прашање“ -овој еуфемизам го користеле нацистичките лидери се однесува на масовното убивање на европските Евреи. На 20 јануари, 1942, Рајнхард Хајдрих, началник на германската безбедносна полиција, одржал таен состанок кој во историјата е познат како Конференцијата во Ванзи. Водечките полициски и граѓански службеници на Рајхот таму дискутирале за продолжена имплементација на „Конечното решение“ (“Endlösung der Judenfrage”).

Во тој период најголемиот дел од Вардарска Македонија е окупиран од Царството Бугарија кое е дел од фашистичката оска. Властите на Бугарија и Германија водат тајни преговори за предавање на еврејското население од окупираните бугарски територии на Германците и на 22 февруари 1943 година потпиуваат договор со Третиот Рајх за иселување на Евреите од ново-окупираните делов на Бугарија. Тоа ги опфаќа и македонските Евреи.
Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година, во скопскиот монопол се собрани 7144 македонски Евреи од Скопје, Штип и Битола и подоцна префрлени во логорот на смртта Треблинка. Од таму никој не се вратил жив.

За одбележување е молкот на соседите додека фашистите ги влечеле еврејските семејства кон Монополот.
По Втората светска војна во Македонија живеат само околу 400 Евреи. Најголем дел од нив биле учесници во НОВ.

Праведници меѓу народите
„Праведници меѓу народите“ (Righteous Among the Nations) е термин кој го користи државата Израел за да ги опише не-Евреите кои ги ризикуваа своите животи за да спасат Евреи во холокаустот.

Македонија е една од земјите кои се запишани на списокот на праведници. Вкупно 10 имиња имаат свое место на Почесниот ѕид на праведниците во Јад Вашем.
Стојан-Богоја Силјановски ги спасил Адела Фараџи, Естреја Овадија, Роза Камхи, Жамила Колономос и Естреја Леви од Битола.
Д-р Тодор и Пандора Хаџи – Митков и Трајко и Драгица Рибареви го спасиле семејството Франсис од Скопје.
Д-р Смилјан Фрањо Чекада ги спасил Шаул Л. Гатењо, Алберто Мусафи и Ерика Вајнгрубер.
Борис и Васка Алтипармак ги спасиле Соломон Садикарио – Мо и неговиот брат Самуел Садикарио, Алберт Русо и Алберт Касорла.
Александар и Блага Тодорови ја спасиле Бенвенита Бехар (Бети) Тити.
Никогаш повеќе!