На шести јуни 1944 година, француското крајбрежје во Нормандија стана најзначајното географско подрачје во Европа.
Нашести јуни, денот кој оттогаш се нарекува „Ден Д“, дојде време за акција: илјадници бродови, со поддршка од воздух, тргнаа од англискиот брег и на плажите во Нормандија однесоа околу 150.000 војници од САД, Велика Британија, Канада и други сојузнички земји.
Нивната цел беше ослободување на Франција, а потоа напредување кон Германија за да се стави крај на нацистичкото владеење во Европа.
Акцијата наречена „Оверлорд“ била подготвувана и вежбана со месеци во Британија, за конечно да се случи утрото на шести јуни.
Нацистичка Германија исто така се спремала за инвазијата. Брегот на окупирана Франција бил силно обезбеден со бункери и систем на утврдувања, таканаречениот Атлантски ѕид.
Но, најголемите германски воени единици чекаат на погрешно место, поточно во близина на Кале, каде Ла Манш е најтесен.
Битките низ Франција носат големи загуби како за нацистите, така и за сојузниците, но на крајот на 25 август 1944 сојузниците го ослободуваат Париз а потоа и Франција од окупација и започнуваат јуриш кон целосно поразување на Германија, што ќе се случи неколку месеци подоцна, на 9 мај 1945 година.