80 години слобода: Традиционално есенско искачување на Солунска Глава во чест на ослободувањето на Велес

По повод 80 години од ослободувањето на Велес од спрегите на фашизмот, ЕГ „Грин Пауер„ и Алпинистички клуб „Велесин„ на 9-ти и 10-ти ноември(недела) организираат традиционално есенско кружно искачување на Солунска Глава(2540 мнв), највисокиот врв на Јакупица која е дел од петте планини кои го сочинуваат најголемиот плаински масив во Македонија – Мокра.

Планирано е искачување на Солунска Глава од конаците на Орешки Манастир „Св. Ѓорѓи„(1100 мнв) со симнување преку Планинарски дом Чеплес до село Папрадиште.

ТРГНУВАЊЕ и СТАРТ на турата : 10-ти ноември( недела) од Орешки Манастир најдоцна во 5.30 часот изутрина.
После 2.5 км се излегува на кружната патека Куртовица- Плавник-Горна Бабина Дупка.
Очекувано пристигнување на врв од 11.30 до 12 часот. Очекувано пристигнување во Папрадиште, најдоцна до 17 часот.

Со оглед на раниот старт на качувањето, предвидено е ноќевање во сабота во Манастирот Свети Ѓорѓи во четирикреветни затоплени соби со посебни тоалети и туш кабини. Манастирот располага и со комплетно опремена кујна, надворешна фурна , скара и трпезарија.

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ :

Почетна точка : Манастир Свети Ѓорѓи(1100мнв), Куртовица (1700мнв)- Горна Бабина Дупка(2100мнв) -врв Солунска Глава (2540)-Долна Бабина Дупка(1680)- дом Чеплес(1430)-Папрадиште(1000).
Вкупна должина на патеката : 26 км
Висинска разлика 1440 мнв, средно тешка/тешка, исклучително атрактивна и визуелно податлива.
Првите 60 минути(2.5 км) има сериозен континуиран наклон, и се оди по маркирана патека во жолто-црвена боја до излегувањето на Куртова ливада.
Патеката од Куртовица до Горна Бабина Дупка(под Плавник) е маркирана со сино-жолта боја, се оди по изохипса, а теренот е карпест .
На Горна Бабина дупка(2100мнв) патеката се спојува со главната трансверзала и се оди по црвено бела маркација до врвот Солунска Глава.
Враќањето назад е преку Долна Бабина Дупка, Планинарскиот дом Чеплес и завршува во село Папрадиште.

Вкупно километри во обата правци – 26 км.
Максимален позитивен наклон(искачување) : 23 степени
Максимален негативен наклон(спуштање) : 24 степени

Турата не е за ПОЧЕТНИЦИ и Потребна е ОДЛИЧНА физичка кондиција и планинарска опрема содветна за есенско-зимски услови – разгазени планинарски чевли, водоотпорна јакна/кабаница и јакна против ветер(софтшел/шушкавец), ракавици, капа и наочари за сонце, челна ламба.
Храна од ранец и вода минимум 1.5 литар.
Вода има на две места : На Куртовица( во првиот 1 час) и на симнување на Долна Бабина Дупка(после 18 км)

ЦЕНА:

  • 1300 денари за пријавените од Скопје.
  • 1000 денари за пријавените од Велес.
    Во цената е вклучен превоз од Скопје/Велес до Орешки Манастир во обата правци+едно ноќевање во четирикреветни соби+ вечера ,салата и два аперитиви.

ЗАДОЛЖИТЕЛНА е резервација и потврда на присуство телефонски или лично.
Пријавувањето трае до пополнување на предвидениот број.

КАПАР : 300 денари(кај одговорните лица)

ТРГНУВАЊЕ СО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ :

  • Сабота, 9-ти ноември во 9.00 часот од железничка станица Скопје(Пошта 2).
    Од Велес тргнувањето е во сабота(9-ти ноември) во 9.45 ч. од паркингот пред Основниот Суд во центарот на градот.
    ПРИСТИГНУВАЊЕ и СМЕСТУВАЊЕ во Орешки Манастир : 11.30 часот.
    Во сабота после сместувањето по договор е предвидена рекреативна посета на Орешки водопад до кој се стигнува за 35 минути по лесна и рекреативна патека.
    Доколку не се пријават доволно луѓе од Скопје, ќе се организира превоз само од Велес или секој доаѓа во сопствена режија.

НАПОМЕНА :

  • Сите кои ќе ноќеваат во манастирот Св.Ѓорѓи ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си ги средат собите и креветите, и да ги вратат во првобитна состојба.
    ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да се измие приборот после употреба
    ИНФОРМАЦИИ и пријавување : 075 361 877( Игор), и 070/216 106 ( Слободан-Бобо)
    ПРИЈАВУВАЊЕ : До сабота (2-ри ноември)

ВАЖНО : Секој учесник со пријавувањето се СОГЛАСУВА за условите, доаѓа на сопствена одговорност и е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;

  • Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
  • Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
  • Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
  • Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки. Организаторот го задржува правото да ја скрати, промени, одложи или откаже турата, доколку проценките на теренот или временската ситуација го наложат тоа.
  • Императивно, вашето ѓубре(органско и неорганско) да го носите со себе во ранец до првиот контејнер.
    ЗАБРАНЕТО консумирање на алкохол и психотропни супстанци за време на траење на планинарската тура.
    ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на високи ДОБРО РАЗГАЗЕНИ обувки, вода(2 литри), храна и повеќеслоеста облека(кабаница, ветроотпорна јакна)
    Доколку постои сериозна можност за лошо време( грмотевици, ветер, снег магла или пороен дожд) искачувањето ќе биде откажано, или рутата на движење ќе се скрати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни