Како што силите на Сојузниците се движеа низ Европа против нацистичка Германија во 1944 и 1945 година, тие пронаоѓаа концентрациони кампиви, масовни гробници и други докази за делата на нацистите. Ужасните услови кои ослободувачите ги откриле ги покажаа хорорите кои ги правеле нацистите.
Првиот ослободен нацистички камп беше Мајданек во Лубин, Полска. Тој бил ослободен во летото 1944 година, откако Советските сили почнале да се движат на запад. Претходната пролет, СС единицата ги евакуирала повеќето затвореници во Мајданек и дел од вработените во кампот. Евакуираните затвореници биле испратено во останати концентрациони кампови на запад, како Грос-Росен, Аушвиц и Маутхаусен. Кога Советските сили влегле во Мајданек на крајот на јули, остатокот од персоналот го напуштил кампот, но не успеале целосно да го расклопат и сокријат.
Советските сили пристигналео Мајданек ноќта помеѓу 22 и 23 јули, а го ослободиле Лубин на 24 јули. Во Мајданек, Советските сили нашле затвореници кои не биле евакуирани пролетта, најчесто Советски граѓани. Тие исто така пронашле и голем број на докази за масовни убиства од страна на нацистите. Советските функционери поканиле новинари да го истражат кампот и доказите за хорорите кои се случувале таму.
Шест месеци подоцна, на 27 јануари 1945 година, Советските сили го ослободиле и Аушвиц. Тој бил најголемиот центар за убивања од страна на нацистите и цел комплекс на концентрациони кампови. Во неделите пред доаѓањето на Советските сили, персоналот од Аушвиц ги натерал затворениците да маршираат на запад во нешто што е познато како „маршови на смртта“. Кога влегле во кампот, Советските војници пронашле над шест илјади живи затвореници, кои ги поздравиле војниците како нивни ослободители.
Исто како и во Мајданек, постоеле многу докази за масовни убиства во Аушвиц. Германците кои се повлекувале уништиле голем дел од кампот, но во тоа што останало, Советските војници пронашле доста работи кои им припаѓале на затворениците. Помеѓу нив имало стотици илјади машки костими, повеќе од 800 илјади парчиња женски накит и повеќе од шест тони човечка коса.
Во следните месеци, Советските сили ослободиле и други кампови во Балтичките земји и Полска, а кратко пред капитулацијата на Германија во мај 1945 година, Советските сили ги ослободели концентрационите кампови Штутхоф, Зашенхаусен и Равенсбурк.
Кратко пред ослободувањето на првиот камп, Мајденек во јули 1944 година, Хајнрих Химлер наредил сите затвореници од концентрационите кампови и поткампови во окупираните територии да бидат евакуирани во внатрешноста на Рајхот. Па така, кога сојузничките сили влегле подлабоко во германија, нашле десетици илјади затвореници кои биле прегладнети и болни.
Американските сили го ослободиле концентрациониот камп Бухенвалд близу Вајмар, Германија на 11 април 1945 година. Истиот ден, пред да пристигнат американските сили, затворениците се организирале и презеле контрола врз кампот за да ги спречат злосторстата кои ги правеле чуварите кои бегале. Кога американските сили пристигнале, пронашле околу 20 илјади затвореници. Тој април, американските сили ги ослободиле и камповите Дахау, Дора-Мителбау и Флосенбург, а кампот Маутхаусен бил ослободен на почетокот на мај.
Британските сили ги ослободиле концентрационите кампови во северна Германија, Нојнгам и Беген-Белсен. Во кампот Беген-Белсен имало околу 60 илјади затвореници во критична состојба поради епидемија на тифус. Повеќе од 13 илјади од нив починале во следните неколку недели поради болеста и фактот што биле прегладнети.
Ослободителите на камповите сведочеа за состојбите во камповите на нацистите, каде што имало цели ридови од тела кои не биле закопани. Дури по ослободувањето на овие кампови сите хорори кои нацистите ги правеле излегоа на виделина. Малиот процент на затвореници кои преживеале изгледале како скелети поради лошите услови, напорната физичка работа и месеците и години малтретирање. Многу од нив биле толку слаби што едвај се движеле. Болестите исто така биле опасност за нив, а многу кампови морало да бидат запалени за да се спречи опасноста за креирање на епидемии.
Извор: Holocaust Encyclopedia