75 Години од првата претстава во НУ Турски театар Скопје – „Сомнително лице“ – Почеток на една уметничка ера

Во 1950 година, во едно време на обнова, ентузијазам и културно будење, храбра група уметници и визионери го поставија темелот на она што денес претставува еден од најзначајните театарски центри на турски јазик во Европа

Оваа година, Националната установа Турски Театар – Скопје со гордост одбележува значаен јубилеј – 75 години од изведбата на првата претстава, култната комедија „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ.

Во 1950 година, во едно време на обнова, ентузијазам и културно будење, храбра група уметници и визионери го поставија темелот на она што денес претставува еден од најзначајните театарски центри на турски јазик во Европа.

Претставата „Сомнително лице“, полна со дух, сатира и општествена критика, беше симболичен и вистински почеток – мост помеѓу традицијата и современоста, помеѓу уметноста и публиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни