Јубилеј

75 години од постоење на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица

Со изложба на театарски фотографии и премиера на претставата „Црна дупка“ од Горан Стефановски, вчера беше одбележан јубилејот 75 години постоење на Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица.

Како што информираа од Театарот, изложбата на фотографии од Сречко Гунчев е со наслов „75 години НТ Антон Панов“, а постановката на драмата на Стефановски е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а композитор е Сашко Костов.

Инаку, струмичкиот Народен театар почнал официјално да работи на 1 мај 1949 година, а прва претстава поставена на сцената била „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Димитар Колчаков.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни