75 години Македонски код: Ансамблот Танец со незаборавен јубилеен концерт

Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец, вечерва во Скопје ќе го одржи завршниот јубилеен концерт под наслов „75 години македонски код“.

Концертот во Националната опера и балет ќе биде спектакуларно патување низ богатата фолклорна традиција на Македонија, со музичко-сценски бисери како „Тешкото“, „Женско чамче“, „Драчевка“, „Свадба“, „Џамала“ и многу други, изведени од врвни уметници на ансамблот.

Танец, основан во 1949 година, по 75 години и понатаму останува еден од најголемите симболи на македонската култура и традиција, кој ги прославува темелите на македонската државност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни