75 години Архитектонски факултет

Архитектонскиот факултет – Скопје го прослави значајниот јубилеј од 75 години успешно образование и иновации, кој со своите генерации архитекти активно придонесе за изградбата на најзначајните објекти во земјава и поставувањето на стандардите во архитектурата и урбанизмот.

Со свечена конференција на која присуствуваа најзначајни имиња од областа, факултетот се осврна на најголемите достигнувања и успешни проекти во своето постоење, истакнувајќи ја важноста на институцијата во креирањето на стручни кадри кои ќе продолжат да го обликуваат развојот на Македонија.

Деканот проф. д-р Огнен Марина и проректорот проф. д-р Соња Топузовска ја нагласија клучната улога на факултетот во создавањето на професионални архитекти, но и во градењето на нашето општество.

Архитектонскиот факултет во текот на своето постоење образувал над 7.000 архитекти, кои и денес носат значаен придонес во развојот на градовите и државата.

Фото: МАРХ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни