70 отсто од светската популација ќе доживее екстремни временски услови во следните 20 години

Екстремните временски услови ќе станат „новото нормално“ во следните 20 години, предупреди една нова студија. Научниците од Центарот за меѓународно истражување на климата ЦИЦЕРО во Норвешка велат дека речиси три четвртини од светската популација ќе забележи драматични промени во временските услови, освен ако емисиите на стакленички гасови брзо не се намалат.
Фото: Полска полиција

Новата студија, објавена во списанието Nature Geoscience, покажува како глобалното затоплување може да се комбинира со нормалните варијации на времето за да произведе децениски периоди со брзи промени во врнежите и температурите.

Природните настани како Ел Нињо можат да ги променат временските услови што доведуваат до обилни врнежи и високи температури. Меѓутоа, како што светот станува потопол и повлажен, екстремните настани почнуваат стануваат многу посериозни од она со што општеството и екосистемите можат да се справат.

Многу малку студии досега го истражувале влијанието на екстремните временски услови врз различни земји. Истражувачите користеле четири различни климатски симулации за да откријат колку максималните врнежи и температури би можеле да се променат во следните две децении.

„Ние се фокусираме на регионалните промени, поради нивната зголемена важност за искуството на луѓето и екосистемите во споредба со глобалната средина, и идентификуваме региони за кои се предвидува да доживеат значителни промени во стапката на еден или повеќе индекси на екстремни настани во текот на следните децении“, вели д-р. Карли Ајлс, главен автор на истражувањето во ЦИЦЕРО.

Фото: Garry Knight/Flickr

Според сценарио каде што малку се прави за намалување на емисиите на стакленички гасови, регионите како Медитеранот, Северозападната и Јужна Америка и Источна Азија би можеле да очекуваат „одржливи, невидени стапки на промени за две или повеќе децении“.

Многу од регионите за кои се предвидува да ги забележат најбрзите промени вклучуваат земји со ниски приходи кои се особено ранливи на влијанијата на екстремните временски услови.

Тековните климатски симулации покажуваат дека околу 70 отсто од светската популација – 5,6 милијарди луѓе – треба да очекуваат промени во екстремните температури и врнежи во идно сценарио со високи емисии.

Дури и со силни напори за ублажување во согласност со целите на Парискиот договор, 20 отсто од глобалното население или околу 1,5 милијарди луѓе сè уште ќе бидат погодени. Најдраматичните промени во ова сценарио ќе бидат ограничени на Арапскиот Полуостров и Јужна Азија.

Ова има важни импликации за напорите за климатска адаптација ширум светот.

„Во најдобар случај, пресметавме дека брзите промени ќе влијаат на 1,5 милијарди луѓе“, вели д-р Бјорн Х. Самсет од Центарот за меѓународни климатски истражувања ЦИЦЕРО.

„Единствениот начин да се справиме со ова е да се подготвиме за ситуација со многу поголема веројатност за невидени екстремни настани, веќе во следните една до две децении“.

Истражувачите предупредуваат за потенцијалните смртоносни последици од овие влијанија од климатските промени, од смртност од топлотни бранови до поплави.

Извор: Euro News

Најново

Последни колумни