70-годишен пензионер е човекот кој пукал во „Чациленд“

се појавија и снимки каде се гледа како напаѓачот прво се појавува со канта бензин, а потоа и како одговора на прашања додека е легнат на земја од страна на бројни полициски единици

Српските власти излегоа со детали околу денешниот инцидент во близина на српскиот парламент местото познато како „Чациленд“ каде во цела населба со шатори се сместени поддржувачите на режимот на Александар Вучиќ.

Напаѓачот пред Народното собрание на Србија е Владан А., роден во 1955 година во Белград, изјави на прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ и нападот го оквалификува како „терористички“.

Според информациите, напаѓачот В.А. (70) до 1993 година бил дел од државната безбедност.

Во јавноста, се појавија и снимки каде се гледа како напаѓачот прво се појавува со канта бензин, а потоа и како одговора на прашања додека е легнат на земја од страна на бројни полициски единици.

„Ме нервира окупацијата на центарот на градот. Го запалив со бензин, можете да проверите, истурив бензин на улицата Француска. И потоа пукав. Не сакам шатори и сакав да ме убиете. Сè направив сам, сакав да ме застрелате, бидејќи повеќе не можам да живеам“, вели тој додека го испрашуваат полицајците.

Нападот е квалификуван како „Убиство во обид“

Според наредбата на Вишото јавно обвинителство во Белград, В.А. (70) е уапсен за утринскиот настан пред српското Собрание и постоењето основи на сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство, со тоа што извадил огнено оружје што го носел неовластено и испукал неколку проектили по вербална дискусија поради различни политички ставови, изјави Ненад Стефановиќ, главен јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Ова е спротивно на тврдењата на претседателот на Србија Вучиќ кој постојано потенцираше дека се работи за „терористочки чин“.

За студентите и граѓанските активисти, Вучиќ со таквите тврдења сака дополнително да ескалира насилство на една недела пред закажаниот голем собир за одбележување на една година од трагедијата во Нови Сад каде по падот на настрешницата на железничката станица загинаа 16 лица.

Оттогаш па до денес студентите во блокада организираат протести и најразлични видови на протест а самите студенти често пати беа жртви од организирани груши напаѓачи кои потоа беа аменстирани од страна на претесдателот Вучиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни