Кучето е верен придружник на човекот веќе повеќе од 30.000 години, и низ тој долг заеднички живот научило да го препознава човечкото однесување и да му се прилагодува. Така, кучето станало способно да почувствува кога човек е под стрес и со своето присуство и однесување да го смири.
Без разлика дали станува збор за мешанец или чистокрвно куче, секое куче може да делува како вистинска антистрес терапија, а одредени раси се особено познати по својот смирувачки ефект врз луѓето – речиси како природни таблети за смирување.
Ова се расите на кучиња што го намалуваат стресот кај луѓето:
1. Златен ретривер и лабрадор ретривер
Колку смирувачки делуваат овие раси говори фактот дека најчесто се користат во терапевтски цели, како водичи и трагачи. Исклучително верни, интелигентни и лесни за дресура, ретриверите се најсреќни во друштво на луѓето и се вистински пример за изреката дека кучето е единственото суштество што ве сака повеќе отколку што се сака себеси.
2. Боксер
Овој весел и пријателски пес е познат по тоа што секогаш знае како да го развесели својот сопственик. Тоа ќе го направи и така што ќе се „понуди“ за галење кога ќе почувствува дека неговиот човек е тажен или потиштен. Боксерот обожава луѓе и повеќе од просторот му значи да има сопственик кој ќе му возврати љубов – па затоа лесно живее и во стан.
3. Хрт
Иако можат да трчаат до 57 километри на час, овие елегантни и грациозни нежни џинови повеќе сакаат да лежат и одмараат. Со мирен и послушен карактер, хртовите ретко лаат, а на посебен начин ја покажуваат близината со човекот – додека стојат покрај својот сопственик, нежно се потпираат на неговите нозе.
4. Кокер шпаниел
Тие обожаваат деца и познати се по тоа што лесно воспоставуваат врска со деца со ментални и емоционални тешкотии. Дури и нивната долга, свиленкаста козина има смирувачко дејство. Лесни се за дресура, тешко се исплашуваат и сакаат да му угодат на својот сопственик. Одлично поднесуваат патувања, па се совршени придружници на одмори.
5. Бернардинец
Оваа прекрасна раса беше инспирација за кучката Дарлинг, дадилката од приказната за Петар Пан. Бернардинците особено ги сакаат децата и се карактеризираат со силна желба да му угодат на човекот и висок праг на толеранција. Тие се како огромни топчиња љубов – паметни, заштитнички настроени и одличен избор за семејства со мали деца.
6. Јазовичар
Само поглед на ова преслатко мало весело куче со долго тело и куси нозе е доволен за насмевка, а неговиот разигран дух ќе ве расположи дури и по најтежок ден. Џезавичарите се познати по својата заштитничка природа и огромна желба за галење. Тие цврсто веруваат дека се рамноправни членови на своето човечко семејство.
7. Француски булдог
Станува збор за минијатурна верзија на англискиот булдог со исто толку неодолив карактер. Овој симпатичен пес обожава внимание и ќе ви биде верен придружник и пријател. Приспособливи се и смирени по природа, па на човекот делуваат како природен седатив. Обожаваат игра и вистински се веселковци.