7 придобивки од јадење кикирики во зима

1. Богати се со здрави масти

      Кикириките се одличен извор на здрави масти, особено мононезаситени масти, коишто можат да му помогнат на вашето тело да биде загреано и енергично за време на постудените месеци. Овие масти, намалувајќи го нивото на лошиот холестерол, исто така го подобруваат и здравјето на срцето.

      2. Даваат енергија

      Зимата често знае да не направи „тромави“, но кикириките се одлична закуска за енергија. Комбинацијата на здрави масти, протеини и влакна ни дава енергија многу брзо, и не држи „будни“ дури и во најстудените денови.

      3. Го подобруваат здравјето на кожата

      Ладниот ветер во зима ја суши кожата. Но кикириките содржат витамин Д3 (ниацин) којшто на кожата и помага да биде хидрирана и здрава. Исто така, ја подобрува и циркулација на крвта, што е од особена важност во зима.

      4. Го поодбруваат имунитетот

      Збогатени со Витамин Е, кикириките може да го подобрат имунолошкиот систем, што е особено важно во зима кога не напаѓаат настинките и вирусите. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој се бори со инфекциите.

      5. Го регулираат шеќерот во крвта

      Протеините и влакната коишто ги содржат кикириките помагаат во регулација на нивото на шеќер во крвта. Тоа ги прави одлична закуска за луѓето коишто со соочуваат со дијабетес или пак за оние што сакаат да го оддржат стабилно нивото на енергија во текот на денот.

      6. Го подобруваат дигестивниот систем

      Кикириките се одличен извор на прехранбени влакна коишто помагаат при варењето на храната и спречуваат констипација (запек). Влакната му помагаат на дигестивниот систем полесно да работи што е многу важно кога јадете високо калорична храна во зима.

      7. Придонесуваат за губење на тежина

      Имајќи предвид дека го олеснуваат варењетоо на храната и го забрзуваат метаболизмот, кикириките богати со влакна се одличен избор за луѓето коишто сакаат да ослабат.

      е-Трн да боцка во твојот инбокс

      Последни колумни