7 октомври – една година подоцна

https://peacetracts.org/israel-palistinian/

Страшниот судир кој беснее на Блискиот Исток и се заканува да стане огромен регионален воен судир со десетици илјади жртви и катакличмичен обем на разурнувања, започна пред точно една година.

Додека светот исчекува дали војната, кој досега го водеа иранските „прокси“ сили – Хамас и Хезболах и Израел ќе ескалира во отворена регионална војна, се потсетуваме на почетокот на дејствијата и уништувањето кои го донесоа.

7 октомври 2023 година

Утрото на 7 октомври 2023 година, исламистичките милитанти на Хамас спроведоа серија симултани напади врз израелски цивилни заедници и воени објекти. Нападот започна во зората кога Хамас лансираше над 5.000 ракети од Газа кон Израел, користејќи ги овие стратешки напади како диверзија за да ја пробие границата. За време на оваа масивна изненадувачка офанзива на јужен Израел, терористите на Хамас извршија незамисливи злосторства, вклучувајќи широко распространето сексуално насилство врз жени.

Нападите одзедоа живот на повеќе од 1.188 лица, од кои 800 тела беа потврдени како цивили. Над 4.834 лица беа ранети, а повеќе од 251 беа земени како заложници. Дополнително, некои тела останаа неидентификувани поради значителни осакатувања.

Масакрот на фестивалот Нова

Еден од масакрите сторени на тој 7 октомври, кој предизвика огромно згрозување кај цивилизираниот свет е масакрот  на транс музика Нова.

Мапа на пронајдените тела на масакрираните учесници на фестивалот Нова

Фестивалот на психоделична транс музика Супернова, одржан на отворено место близу Кибуцот Реим, лоциран 5 км од границата со Газа, стана една од првите цели на терористите на Хамас. Во 6:30 часот наутро, дожд од ракети испукани од Газа го претворија она што беше прослава на „пријатели, љубов и бесконечна слобода“ во ужасен масакр. До 7:00 часот, десетици вооружени терористи на Хамас го опколиле  фестивалското подрачје, пукајќи врз посетителите на фестивалот додека тие очајно се обидувале да побегнат преку отворените полиња.

Киднаприањето на Ноа Аргамани

Некои посетители барале засолниште во грмушки и јами, или се маскирале со песок, претварајќи се дека се мртви за да избегнат откривање. Хамас методично ги пребарувале полињата, пукајајќи ги посетителите на фестивалот со рачно вооружување и ракети. Припадниците Хамас исто така, фрлале гранати во засолништа каде што луѓето барале безбедност. Сведоштва од преживеаните и тимовите за итни случаи на Зака откриваат ужасни дела од страна на терористите, вклучувајќи силување на жени покрај телата на починатите, заседи на возила кои се обидувале да заминат и присилно киднапирање на поединци во Газа. Последиците од овој масакр на фестивалот беа разорни: 363 цивили убиени, 20 лица од обезбедувањето убиени на должност, со стотици повредени и десетици земени како заложници.

Киднапирање на заложници

За време на упадот од 7 октомври 2023 година, милитантите на Хамас киднапираа 251 Израелец, вклучувајќи жени и постари лица.

Според Израелски извори, 37 тела на заложници се вратени во Израел, при што тројца од заложниците беа убиени со пријателски оган од израелските сили, а телата на триесет и четворица заложници беа вратени преку воени операции. 72 заложници наводно биле убиени на 7 октомври, или во заробеништво на Хамас.

Од 6 јуни 2024 година, Хамас одбива да дозволи претставници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да се сретнат со заложниците на 7 октомври во ГазаСе верува дека заложниците се дисперзирани меѓу различни членови и фракции на Хамас, како и меѓу други милитантни групи, банди и семејства.

И покрај делумната размена на заложници за палестински затвореници, во моментов не се знае состојбата на 97 заложници.

Израелскиот одговор

Израел одговори со разорна воена офанзива во Појасот Газа, која уби најмалку 41.800 лица до 4 октомври, според министерството за здравство во енклавата управувана од Хамас. Сега, војната се прошири и во соседен Либан, каде што израелските трупи се во жестоки судири со борците на Хезболах.

Се верува дека повеќето палетински жртви се цивили, а значителен број од нив се деца, кои сочинуваат речиси половина од населението на Газа од 2 милиони луѓе. Според шефот на ОН за човекови права, Волкер Турк „на секои 10 минути, едно дете е убиено или рането“ во Газа. Децата, вели тој, „несразмерно ја плаќаат крајната цена во оваа војна“.

Се верува дека вистинскиот број на загинати е уште поголем. Се верува дека над 10.000 луѓе се уште се закопани под урнатините на станбените згради во Газа, според ОН.

Над 700 Палестинци, меѓу кои повеќе од 150 деца, се убиени на окупираниот Западен Брег, според палестинското Министерство за здравство.

Photo by Ali Hamad \ apaimages

Уништени болници во Газа

Високиот претставник / потпретседател Жозеп Борел и комесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, ја објавија следната изјава:

„Од почетокот на конфликтот во Газа, по бруталните терористички напади на Хамас на 7 октомври, 31 од 36 болници се оштетени или уништени. Меѓу уништените е и болницата Ал-Шифа, најголемиот медицински комплекс во Газа, кој и денес останува целосно надвор од употреба.

Останатите болници во Газа делумно функционираат и работат под сериозни ограничувања. Поради тешката ситуација многу од нив се на работ на колапс или мораа да бидат затворени. Пристапот до итна медицинска помош е уште поклучен во време кога Палестинците во Газа живеат под постојано гранатирање, а повеќе од 9.000 тешко повредени луѓе се изложени на ризик да умрат поради недостаток на соодветна здравствена заштита.

Photo by Bashar Taleb\ apaimages

Уништени училишта и факултети

Во Газа се уништени, или оштетено повеќето од 560те училишта, а повеќе од половината биле цел на директен воен напад. Преостанатите објекти се користат како засолшнита за раселените.

До крајот на март 2024 година, Обединетите нации забележаа повеќе од 200 израелски напади врз училишта во Газа, при што најмалку 53 училишта беа целосно уништени. До јули 2024 година, сите 19 универзитети во Газа претрпеа сериозни оштетувања со уништени 80% од универзитетските згради, убиени 103 професори.

Кон овие бројки значително придонесува тактиката на Хамас (а и на Хезболах во Либан) да се користат цивилни објекти како места за складирање оружје и муниција, сместување на борците и за вршење на напади од станбени објекти, здравствени и обрзвони институции. Очигледно е отсуството на грижа за заштита на цивилите и нивно користење како „жив штит“ во борбите кои беснеат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни