7 намирници што мора да ги замрзнувате

Многу намирници завршуваат во ѓубре без потреба. Откријте 7 видови храна што слободно можете да ги замрзнувате и така да ја продолжите нивната свежина.

Што ако знаете дека некои од најчесто фрланите намирници можете да ги сочувате многу подолго, само ако го промените начинот на чување?

„Иронично, секогаш ме привлекувале намирници со подолг рок на траење“, вели Кејт Хол, позната и како The Full Freezer.
„Си мислите дека имате доволно време да ги искористите, но времето лета и пред да се свестите – храната има поминат рок или е веќе расипана.“

„Затоа денес замрзнувам многу состојки веднаш штом ќе ги донесам дома – што за некои луѓе е изненадување.“

Во продолжение, седум видови храна што веројатно не ги замрзнувате – а навистина би требало.

1. Ароматични состојки

Ѓумбирот, лукот и чили пиперките се идеални за замрзнување.

„Брзо измијте ги ароматичните состојки (одделете ги чешнињата лук и излупете ги), добро исушете ги и ставете ги во кеса што може повторно да се затвори“, советува Хол.

„Лукот, чилито или ѓумбирот можете да ги сечкате, рендате или мелете директно од замрзната состојба додека готвите дури и без лупење на ѓумбирот.“

2. Рендан кашкавал

„Тврди сирења како чедар можат да се замрзнат, но стануваат ронливи затоа најдобро е прво да се изрендаат“, објаснува Хол.

Чувајте го ренданиот кашкавал лабаво во кеса за замрзнување, за да не се залепи. Така, можете директно да земете количина од замрзнувачот за сосови, тестенини или тостирани сендвичи.

3. Леб

Ако немате простор за цела векна, замрзнете дел од кришките во голема кеса.

„Дел користам за сендвичи за мојот син и нив исто така ги замрзнувам“, вели Хол.

Ако немате простор, стариот леб претворете го во трошки и замрзнете ги – идеални се за полнења, риба или крцкави преливи.

Истото важи и за лепчиња, пити и тортиљи – одделете ги со хартија за печење за да не се залепат.

4. Зачински билки

Ако ги користите билките исклучиво за готвење, замрзнувачот е најдоброто место за нив.

Измијте ги, исушете ги и чувајте ги во кеса што може да се затвори.
Не ги одмрзнувајте – земете ја потребната количина, исечкајте ги додека се замрзнати и додајте ги директно во јадењето.

„Изненадувачки добро го задржуваат вкусот“, додава Хол.

5. Млад кромид

За свежи салати – фрижидер. Но за готвење, замрзнувачот е одлично решение.

Измијте го, исушете го, исечкајте и замрзнете го лабаво во кеса. Ако имате простор, прво замрзнете го на плех за да не се слепи.

Не го одмрзнувајте – само фрлете шака директно во јадењето.

6. Јаткасти плодови

Поради високата содржина на масти, јаткастите плодови брзо можат да се расипат на собна температура.

Среќна вест – одлично се замрзнуваат. Извадете само онолку колку што ви треба и оставете ги неколку минути на собна температура пред консумација.

Можете и да ги толчите и тостирате директно од замрзната состојба за дополнителна текстура во салати и пржени јадења.

7. Сувомеснати производи

„За да избегнам фрлање сувомесно, ги виткам парче по парче и ги замрзнувам“, вели Хол.

Може да се користи и оригиналното пакување – само ставете сè во кеса за замрзнување за да се избегне контаминација.

Сувомесното може да се готви директно замрзнато – со вилушка лесно ќе ги одделите парчињата додека се печат и стануваат крцкави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни