6G може да биде 100 пати побрз од 5G

Бројот на претплати за 5G продолжува да расте, давајќи им на луѓето поголеми брзини на преземање, посигурна поврзаност и подобрувања во технологиите како виртуелна реалност и вештачка интелигенција. Проценките се дека претплатите за 5G ширум светот ќе достигнат нешто помалку од 5 милијарди до 2026 година. Разликата помеѓу 5G и 4G е значајна, различни брзини на преземање и одложување од околу пет милисекунди. Иако се уште до крај не се проучени сите можности кои ги даваат 4G и 5G веќе се работи на развивање на 6G.

Некои организации предвидуваат дека 6G може да биде 100 пати побрз од 5G, со зголемена доверливост и поширока мрежна покриеност. Сепак, можеби ќе помине некое време пред да стигнеме таму, додаваат научниците. Некои од нив предвидуваат дека 6G ќе стане реалност веќе во 2025 година, но голем дел од проценките укажуваат на комерцијална употреба дури во 2030 година.

Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) неодамна ги објави своите препораки за глобален стандард за 6G, временската рамка за развој и како ќе се користи. Оваа организација на ОН е фокусирана на информатичките и комуникациските технологии. Има 193 земји-членки и е поддржан од 900 компании, универзитети и меѓународни организации.

Рамката на ITU за 6G предвидува дека оваа технологија ќе има различни влијанија, како што е „поврзување на неповрзаните“, со проширување на широкопојасните и IoT услугите во оддалечените и ретко населените области. Рамката, исто така, очекува 6G да овозможи „потопни комуникации“, овозможувајќи беспрекорна реализација на холографските комуникации.

Препораките се поддржани од различни технолошки гиганти, вклучувајќи го и Huawei, кој го опиша 6G како „следното игралиште на иновациите“.

„Амбицијата на нашата визија за 6G е да ја направиме нашата планета и човечкото општество како целина која е интелигентно поврзана и функционира на принцип на едно развиено и одржливо глобално село“, велат од компанијата.

Извор: siliconrepublic.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни