Од сајтот објаснуваат дека терминот потекнува од модерниот интернет-жаргон познат како brainrot slang или форма на шега односно апсурден израз што нема буквално значење, туку се користи меѓу луѓе кои „се во тек“ со интернет-културата.
„67“ се користи како симболично изразување за нешто „така-така“, „можеби ова“, „можеби она“, или едноставно како безначајна, но духовита фраза.
Потеклото на изразот се поврзува со песната „Doot Doot (6 7)“ на музичарот Skrilla од 2024 година, но некои го поврзуваат и со кошаркарот Ламело Бол, кој е висок токму 6 стапки и 7 инчи.
Со ова избор, Dictionary.com ја нагласува доминацијата на интернет-јазикот и мим-културата во секојдневната комуникација.