Мажот вчера бил во соба со љубовницата кога сопругата почнала да му тропа на вратата. Во паника врзал два чаршафи во обид да избега незабележано во стил кој потсетува на филмски херои, пишуваат германските медиуми.
Но, тој се лизнал и паднал од висина од десет метри на настрешница, по што со возило на Брза помош бил пренесен во болница.
Полицијата, која била повикана на местото на настанот, ја опишала состојбата на мажот како сериозна, но изјавила дека не е опасна по живот.