66.000 вработени во институциите на ЕУ ќе добијат зголемување на платите: Фон дер Лајен заработува 34.800 евра месечно

Минатата година платите на вработените во сите институции на Европската унија требаше да пораснат за 8,5 проценти, но Европската комисија ја искористи т.н. клаузула за умереност и ги зголеми платите „само“ за 7,3 проценти, додека преостанатото зголемување од 1,2 проценти ќе следи во април, пишува „Bild“.



Околу 66.000 вработени во институциите на ЕУ од април ќе добијат ново зголемување на платите. Ова е седмо зголемување на платите од почетокот на 2022 година.

Минатата година платите на вработените во сите институции на Европската унија требаше да пораснат за 8,5 проценти, но Европската комисија ја искористи т.н. клаузула за умереност и ги зголеми платите „само“ за 7,3 проценти, додека преостанатото зголемување од 1,2 проценти ќе следи во април, пишува „Bild“.


Најниската основна плата (без неопорезувани паушални износи) ќе порасне од 3.361 евра на почетокот на 2024 на 3.645 евра нето од април оваа година. Највисоката плата ќе се зголеми од 23.262 евра на 25.229 евра.

Основната плата на претседателката Урсула фон дер Лајен порасна од почетокот на 2024 за повеќе од 2.700 евра на околу 34.800 евра месечно. Европските комесари сега ќе заработуваат околу 28.400 евра, што е за 2.200 евра повеќе.

ЕУ инаку користи прилично сложена формула за пресметување на платите на своите вработени. Во пресметката се земаат предвид инфлацијата во Брисел и Луксембург, но и движењето на платите во јавните служби на земјите-членки.

Обично платите се зголемуваат еднаш годишно, ретроактивно од 1. јули. Меѓутоа, поради силната инфлација во последните години, искористена е посебна одредба и дел од зголемувањето беше исплатен веќе од 1. јануари. Поради тоа, вработените во ЕУ од 2022 година добиваат зголемени плати и на 1. јануари и на 1. јули.

Како што пишува „Bild“, оваа година можни се дури три зголемувања на платите. Ако стапката на инфлација не падне, првото зголемување ќе се исплати од април за 2024 година, а средината на годината може да донесе задна ретроактивна зголемување од јануари, а потоа ќе следи остатокот од зголемувањето на 1. јули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни