6,5 милиони прегледи: Мачката што јаде салата со својот ручек е хит

Многу луѓе често нарачуваат салата како прилог заедно со главното јадење. Но, дали некогаш сте помислиле дека и мачка може да го направи тоа?

На TikTok е објавено видео на кое сопственичката на црна мачка покажува како нејзиното милениче покрај влажна храна „нарачува“ салата.

„Мојата мачка одбива да ја јаде својата влажна храна, освен ако има придружна салата“, напиша таа. И навистина, мачката од видеото го јаде главното јадење, потоа загризува од салатата, а потоа повторно се враќа на главното јадење…

„Немам поим како стигнавме до ова“, додава сопственикот.

Видеото за три дена собра 6,5 милиони прегледи. Оние кои не сакаат зеленчук можат да го сфатат ова како знак за почеток затоа што – дури и мачките го јадат.

Извор: ТикТок

Најново

Последни колумни