63 пожари низ Македонија: 9 активни, 49 изгаснати – најкритично во Македонски Брод

Заклучно со утрово, 10 јули 2025 година, Македонија се соочува со алармантна состојба на терен – дури 63 пожари се регистрирани на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи. Од нив, 9 се сè уште активни, 4 се ставени под контрола, 1 е локализиран, а 49 се изгаснати благодарение на напорите на пожарникарските служби, волонтерите и локалното население.

Најтешка е состојбата во општина Македонски Брод, каде се води борба со четири активни пожари. Пожарот кај селото Рамне се проширил од кругот на фабриката „Самоков“, а се гори и дабова и мешана шума во околината на селата Црешнево, Локвица, Слатина и Ковче. Критична точка е и Чучер Сандево, каде кај селото Блаце гори ниска вегетација, додека во Шуто Оризари се активни пламени јазици на депонијата кај селото Визбегово.

Во Прилеп сè уште е активен пожарот кај Бешиште, на потегот Бешишки Рид, каде гори мешана шума. Пожари беснеат и на планинскиот масив под Солунска Глава во Чашка, како и кај селото Николич во Дојран, каде гори нискостеблеста шума.

Од вкупните 63 пожари, локализиран е оној кај Кочани, меѓу селата Јастребник и Полаки, а под контрола се пожарите во Делчево, Виница, Крива Паланка и Желино.

Информациите се добиени од регионалните центри за управување со кризи, кои продолжуваат со координација на терен. Од скопскиот центар пристигнати се податоци за интервенциите во ноќниот период од 20:00 до 07:00 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни