На само 20 метри до брегот пронајдени се темелите на црква срушена од земјотрес пред 1500 години

На само 20 метри до брегот пронајдени се темелите на црква сруѓена од земјотрес пред 1500 години.

Неодамна пронајдената мистериозна византиска базилика од IV век, потопена во езерото Изник ​​кај Истанбул, ја буди фантазијата. Базиликата, за која се верува дека е изградена во чест на Свети Неофит, била откриена дури откако, од воздух, биле направени фотографии од езерото. 

Сликите покажаа дека има потопени урнатини на мистериозна византиска црква во езерото, на само 20 метри од брегот. 

Урнатините се видени откако по сушата што го зафати овој регион во 2022 година нивото на водата се спушти, пренесува „Грик репортер“. 

Областа, вклучувајќи го и градот Никеја, служела како важен верски и културен центар за време на византискиот и ранохристијанскиот период. Експертите велат дека оваа базилика е пример за ранохристијанска архитектура. Се проценува дека црквата била потопена во езерото за време на разурнувачки земјотрес во 740 година.

Пронајдени се неколку важни артефакти од почетокот на ископувањата во 2015 година со цел да се прикажат урнатините на базиликата како дел од подводниот музеј. 

Според друг извештај објавен на веб-страницата My Modern Met,  тим предводен од Др. Мустафа Сахин, шеф на катедрата за  археологија на Универзитетот Бурса Улудаг, презеде подводно ископување за да ја истражи потонатата црква. 

Базиликата всушност била изградена врз постоечка структура, што било вообичаена практика во тоа време, што значи дека под него имало нешто уште подревно. Покрај тоа, не се пронајдени докази за мозаик или камени подови, па истражувачите претпоставуваат дека постоечката структура имала земјен или дрвен под. На местото, пред десет години, беа пронајдени неколку гробови, од кои некои со скелети на неколку мали деца и средовечни возрасни. 

Црквата била изграден на местото на гробот на свети Неофит, бидејќи во тоа време било обичај да се градат цркви на гробовите на мачениците, а верниците сакале нивните гробови еден ден да бидат блиску до светителот. Според извештајот, др. Сахина верува дека зградата на која се наоѓа базиликата можеби е пагански храм посветен на старогрчкиот бог Аполон. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни