Египет ја искорени маларијата

Египет е прогласена за држава без маларија. Според Светската здравствена организација (СЗО) ова достигнување е „историско“ и резултат на едновековна работа на искоренување на болеста.

„Маларијата е стара колку и самата египетска цивилизација. Болеста што од која бела болни и фараоните, сеге е само историја“, изјави неодамна шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Потврдата за тоа дека Египет стана држава без маларија е навистина историска и сведочи за посветеноста на народот и владата на Египет да се ослободат од ова древно зло“.

На глобално ниво, 44 земји и една територија сега се сертифицирани како замји без маларија.

Сертификацијата ја доделува СЗО, само кога некоја земја може да докаже дека синџирот на автономно пренесување на маларија преку комарците Anopheles е прекинат на национално ниво, најмалку во последните три последователни години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни