Црвениот крст денеска изврши исплата на финансиска помош за семејствата на загинатите и повредените во трагичната несреќа во Кочани.
Средствата се исплатени на 58 семејства на починати лица, вклучително и семејството на загинатиот возач на Брзата помош, како и на 91 семејство на повредените лица кои се лекуваат во странство.
„Секое од овие семејства доби по 150.000 денари. За две семејства на загинати и 24 семејства на повредени лица сè уште се чекаат дополнителни податоци за исплатата, додека во тек е прибирање информации и за оние што се лекуваат во домашните болници“, велат од Црвениот крст.
Досега, вкупно се собрани 61.852.758 денари во рамки на хуманитарната акција за поддршка на настраданите од несреќата.