Урсула фон дер Лајен ги претстави своите кандидати за идната Европска Комисија. Иако има многу жени на високи позиции, таа не ја исполни својата цел за родов паритет.
Откако во вторник претседателката на Европската Комисија, го претстави нејзиниот тим на еврокомесари, следен чекор во процесот на одобрување на комесарите се сослушувањата на номинираните комесари во Европскиот парламент.
Фон дер Лајен назначи многу жени на високите позиции во новата Комисија. Таа им даде привлечни портфолија на земјите кои го испочитуваа нејзиното барање да ги заменат машките кандидати со жени, како на пример ресорот за проширување на Словенката Марта Кос или позицијата извршен потпретседател на Романката Роксана Манзату.
Дополнително, четири од шесте високи позиции на извршени потпретседатели ќе ги преземат жени – Шпанката Тереса Рибера, Финката Хена Виркунен, Естонката Каја Калас и Романката Роксана Манзату.
Останатите две позиции се дадени на мажи – Французинот Стефан Сежурне и контроверзниот Италијанец Рафаеле Фито.
И покрај напорите, Фон дер Лајен не успеа да ја оствари својата цел за родов паритет. Таа објасни дека 40 проценти од новата комисија ќе бидат жени, а 60 проценти мажи. Според неа, лидерите на државите и владите првично предложиле речиси 80 проценти мажи, што за фон дер Лајен било неприфатливо.
Еврокомесари:
Тереза Рибера Родригез (Шпанија) – извршна потпретседателка за чиста, праведна и конкурентна транзиција
Хена Виркунен (Финска) – извршна потпретседателка за технологија, суверенитет, безбедност и демократија
Стефан Сежурне (Франција) – извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија
Каја Калас (Естонија) – висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседателка на Европската Комисија
Роксана Манзату (Романија) – извршна потпретседателка за вештини, образование, култура, квалитетни работни места и социјални права
Рафаеле Фито (Италија) – извршен потпретседател за кохезија и реформи
Марош Шефчович (Словачка) – еврокомесар за трговија, економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност
Валдис Домбровскис (Латвија) – еврокомесар за економија, продуктивност, имплементација и поедноставување
Дубравка Шуица (Хрватска) – еврокомесарка за Медитеранот
Оливер Вархеји (Унгарија) – еврокомесар за здравје и благосостојба на животните
Вопке Хукстра (Холандија) – еврокомесар за клима, нето нула емисии и чист раст
Андриус Кубилиус (Литванија) – еврокомесар за одбрана и Вселената
Марта Кос (Словенија) – еврокомесарка за проширување
Јозеф Сикела (Чешка) – еврокомесар за меѓународни партнерства
Костас Кадис (Кипар) – еврокомесар за рибарство и океани
Марија Луис Албукерке (Портуалија) – еврокомесарка за финансиски услуги, штедење и инвестиции,
Хаџа Лабиб (Белгија) – еврокомесарка за подготвеност и менаџирање на кризи
Магнус Брунер (Австрија) – еврокомесар за внатрешни работи и миграција
Јесика Розвол (Шведска) – еврокомесарка за животна средина, отпорност на води и конкурентна циркуларна економија
Пјотр Серафин (Полска) – еврокомесар за буџет, борба против измами и јавна администрација
Ден Јоргенсен (Данска) – еврокомесар за енергија и домување
Екатерина Захариева (Бугарија) – еврокомесарка за истражување и иновации
Мајкл Мекграт (Ирска) – еврокомесар за демократија, правда и владеење на правото
Апостолос Sиsикостас (Грција) – еврокомесар за одржлив транспорт и туризам
Кристоф Хансен (Луксембург) – еврокомесар за земјоделство и храна
Глен Микалеф (Малта) – еврокомесар за меѓугенерациска правичност, култура, млади и спорт
МИА