,,Ноќ на истражувачите”, работилници за деца во Europe House Скопје

Во петок на 27 септември, децата од сите возрасти се поканети да влезат во светот на откритијата со возбудливи, практични активности дизајнирани само за нив во работилницата на Europe House Скопје- ,,Ноќта на истражувачите”.

Ноќта на истражувачите е Европска иницијатива која прв пат е воведена во 2005 година со цел да помогне во општото разбирање за важноста на истражувачката работа и да ја промовира истражувачката работа со тоа што ќе ја доближи до пошироката јавност.

,,Оваа година, ја оживуваме науката за следната генерација на љубопитни умови” велат организаторите.

Во првата работилница „Сите бои на печатените книги“, низ различни активности децата се запознаваат со мешање на боите и кои се боите кои се користат за печатење на книгите. Работилницата финишира со една интерактивна сликовница за бои. Оваа работилница е наменета за најмалите од 5 до 6 години и ќе трае од 17.30 до 18.30 часот.

На работилницата „Мостот на ДаВинчи и хексафлексагон“, децата ќе се запознаат со уникатната техника за правење мост на ДаВинчи, ќе го направат мостот и ќе истражуваат колку тежина може да поднесе пред да се растури. Потоа, вториот дел се однесува на хексафлексагонот – математично оригами што има повеќе од две лица. Оваа работилница е наменета за деца од 7 до 9 години. Почетокот е од 18.30 до 19.30 часот.

Во „Моќта на магнетите“ – низ различни експерименти децата ќе дискутираат за магнетите, поствавуваат хипотези, донесуваат заклучоци. Магнетите ќе им бидат на располагање, така што и самите ќе можат да испробаат различни работи. Работилницата завршува со интересна презентација на скенови на овошја и зеленчуци направени со магнетна резонанца.

Најново

Последни колумни