52 000 лица пријавени за вакцинација од сезонски грип

Во пунктовите за вакцинација првите два дена се вакцинирани 8 800 лица

На сајтот vakcinacija.mk досега се пријавени над 52 000 лица, информираат од Министерството за здравство информира дека , што покажува голем интерес на граѓаните да се заштитат од компликации од сезонски грип.

Во пунктовите за вакцинација првите два дена се вакцинирани 8 800 лица.

Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk и со тоа директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс граѓаните добиваат повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинираат.

Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни