Шест филма во селекција за наградата „Златна европска камера“ на МАНАКИ 45

Фестивалот воведе нова селекција на европски филмови од земји со низок продукциски капацитет

Манаки 45 ги претставува последните три филмски остварувања од новата селекција на европски филмови од земји со низок продукциски капацитет, кои ќе се натпреваруваат за наградата „Златна европска камера“ на МАНАКИ 45.

Во ОСАМЕНОСТ државата принудува еден земјоделец кој живее мирен живот на село да го продаде својот дом, да остави сè зад себе и да се пресели во главниот град, каде се спријателува со 10-годишен доставувач на весници. Душан Хусар е чешкиот кинематографер на исландско-француско-словачкиот филм, кој имаше премиера на фестивалот во Торонто и беше прикажан на фестивалите во: Чикаго, Талин, Палм Спрингс, Гетеборг, награден на фестивалот во Пекинг.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=fKKt48SwTKo

Во СЕМЕЈНА ТЕРАПИЈА ќе погледнеме навидум совршениот семеен живот се претвора хаос кога семејството се среќава со еден млад странец, кој ги открива нивните скриени стравови, недостатоци и соништа. Митја Личен е словенечкиот кинематографер на филмот продуциран од: Словенија, Италија, Норвешка, Хрватска и Србија, кој имаше премиера на фестивалот Трајбека и беше награден на Сараевскиот филмски фестивал.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=2daAcgPNA38

Во ТОКСИЧНО напуштена од мајка ѝ, 13-годишната Марија живее со баба ѝ во еден запустен индустриски град, каде се запознава со врсничката Кристина која сака да биде манекенка, па обидувајќи се да се зближи со Кристина, Марија се запишува на еден сомнителен курс за манекенки, каде што девојчињата ги подготвуваат за најголемиот кастинг за млади модели во регионот. Витаутас Каткус е кинематографер от на литванскиот филм кој е победник на фестивалот во Локарно.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=6yNrDDgstMY

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни