Како што претходно објави Дедлајн, Џексон во мај изјави дека Нетфликс „го добил правото да наддава“ за проектот. Нетфликс потврди дека го потпишале проектот претходно оваа година. Продукцијата се уште е во тек, а датумот на премиерата на серијата допрва ќе се одреди.
Александра Стејплтон ќе го режира и ќе биде извршен продуцент на серијата. Џексон ќе биде извршен продуцент преку неговиот G-Unit Film & Television.
„Ова е приказна со сложен наратив кој опфаќа децении, не само во наслови или клипови видени досега. Остануваме цврсти во нашата посветеност да им дадеме глас на безгласните и да презентираме автентични и нијансирани перспективи. Иако наводите се вознемирувачки, ги повикуваме сите да запомнат дека приказната на Шон Комбс не е целата приказна за хип хопот и таа култура. Наша цел е да се погрижиме индивидуалните активности да не го засенат поширокиот придонес на културата“, рекоа Стејплтон и Џексон во заедничката изјава.
Комбс моментално се наоѓа во притвор во Бруклин без можност за кауција.
На 24 септември, Талија Грејвс го обвини П Диди во граѓанска тужба за сексуален напад во неговото студио во Њујорк во 2001 година, и дека тој потоа продал дел од снимката од тој напад.
Грејвс е 11-та личност која јавно тврди дека Комбс сексуално ја нападнал.