50 % пад на прометот во трговијата во Хрватска – бојкотот вроди со плод

Во Хрватска на 24 јануари се одржа еднодневен бојкот на продавниците, трговските ланци и бензинските пумпи, како одговор на постојаното зголемување на цените, кое го оптоварува буџетот на граѓаните. Иницијативата беше започната преку Facebook групата „Halo, инспекторе“, а ја поддржаа Европскиот центар на извонредност за заштита на потрошувачите (ECIP), здруженијата за заштита на потрошувачите, синдикатите, политичките партии и министерот за економија, Анте Шушњар.

Повикот за бојкот се ширеше низ социјалните мрежи со пораки како: „24.1. во Хрватска е бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето тој ден никој ништо да не купуваат, ама ништо. Осигурајте се за тој ден како да е недела.“

Тој ден, продавниците, шопинг центрите и бензинските пумпи низ цела Хрватска беа речиси празни. Во Пула, големите маркети беа празни, а паркинзите пусти. Продавачите најчесто ги распоредуваа производите по полици, а работеше само една каса во секој центар. Празни беа продавниците на Lidl, Plodine, Konzum, Spar и други ланци.

Според податоците, прометот паднал за 29% во однос на претходниот петок, а износот на сметките се намалил за 31%. Бројот на сметки паднал за 43%, а износот на сметките за 50% во споредба со истиот ден од минатата недела.

Иако бојкотот привлече големо внимание, економистите истакнуваат дека вакви акции нема да имаат значајно влијание на инфлацијата или намалувањето на цените. Професорот по економија, Љубо Јурчиќ, нагласил дека „бојкотот на продавниците нема апсолутно никакво економско дејство“ и дека „државата треба да обезбеди услови, а не да го регулира пазарот со декрет“.

Сепак, бојкотот јасно покажал незадоволството на граѓаните поради високите цени и потребата од конкретни мерки за сузбивање на инфлацијата и намалување на трошоците за живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни