50 Години од смртта на Виторио де Сика

Овој филм, кој често се смета за еден од најдобрите во историјата на светската кинематографија, е интимен и емоционален приказ на сиромаштијата, човечкото достоинство и преживувањето

Во аабота на 9 ноември во 20:00 часот во Кинотека ќе се емитува филмоѕ КРАДЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ (1948), во режија на Виторио де Сика, ремек-дело на италијанскиот неореализам, жанр кој ги обележа повоените години во Италија и го постави фокусот на обичните луѓе и на нивните секојдневни борби.

Овој филм, кој често се смета за еден од најдобрите во историјата на светската кинематографија, е интимен и емоционален приказ на сиромаштијата, човечкото достоинство и преживувањето.

Еден од клучните аспекти на КРАДЦИ НА ВЕЛОСИПЕДИ е неговата неореалистичка естетика.

Де Сика користи непрофесионални актери, снима на локации низ Рим и ја доловува суровата реалност на животот на обичните луѓе. Често со статични кадри и минималистичка сценографија, филмот носи сирова емоционална сила, без потреба од дополнителни украсувања. Ова создава автентично чувство, кое ја потенцира состојбата на сиромаштијата и социјалната неправда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни