Изгледа дека соработката која многу фанови ја чекаа конечно се оствари – 50 Cent потврди дека ќе снима заеднички албум со Eminem.
Откако Eminem неодамна откри дека единствената препрека за проектот е нивниот „сопствен тајминг и организација“, 50 Cent на Инстаграм објави дека ќе излезе од пензија како репер за да сними албум. Тој ја сподели веста која многу луѓе ја чекаа. „Изгледа дека ќе се вратам во студио!“ напиша и додаде: „Само прво морам да ги завршам концертите во Вегас“.
Пред да влезат во студио, 50 Cent ќе влезе во историјата со својот прв голем концертен циклус во Лас Вегас под името „50 Cent: In Da Club“. Настанот започнува вечерва и завршува на 4-ти јануари.
Уште минатата година 50 Cent откри дека работи на нова музика и рече дека веќе го контактира Eminem. Наводно, му кажал дека Dr Dre, кој исто така треба да биде дел од проектот, подготвува нешто специјално.
„Откако му го кажав тоа, добив порака од Eminem дека веќе разговарал со Dre и дека Dre работи нешто, а тој има некои луди работи кои морам да ги слушнам“, се сеќава 50 Cent.
Тој исто така објасни како учеството на Dre го подигнува проектот на следното ниво.
„Ќе направам нешто и ќе ја барам најдобрата музика до која можам да дојдам. И кога ќе најдам нешто што ми се допаѓа, го носам кај Dre за да го натерам да ми понуди нешто, бидејќи тој секогаш има нешто…“, додаде 50 Cent.
Постот на 50 Cent брзо собра над 150.000 лајкови, а фановите беа возбудени во коментарите.
„Стрпливо чекавме“, „ова може да го спаси рапот од пропаѓање“, „сè што 50 Cent и Eminem ќе го допрат, го претвораат во злато“, само се некои од коментарите, пренесува Index.hr.