5-ти роденден на Пресврт

Пред 5 години го основавме Пресврт со идеја да правиме театар, слободен да истражува, едуцира и експериментира. Тоа беше една ладна октомвриска среда во Котур. И сега повторно се враќаме таму каде што почнавме, во среда на 23.10.2024 со почеток во 20 часот во Котур ве покануваме на јубилејниот петти роденден на Пресврт со проекција на нашата прва претстава „Иднината е приватна“, забава со The DDs и специјалниот коктел на вечерта „Пресврт“ кој го подготвија Котур со Smidgin Velvet за соодветно да прославиме.

Пресврт немаше да постои без вас кои низ овие 5 години бевте дел од проектите, едукативните работилници или едноставно ја поддржувавте работата на организацијата со вашето присуство во публика и/или бодрење да се успее во она што сме го наумиле. Да се прави независен театар кај нас е тешко, ама не е невозможно, и важно е да ги славиме дури и малите успеси, а овој роденден за нас е огромно достигнување.

За сите кои ќе дојдат на проекцијата следува и изненадување. Решивме ние да ви дадеме поклон заедно со пријателите од Смидџин, велат во својата објава организаторите на овој настан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни