5 отсто зголемување на октомвриската плата добија наставниците

За 5 отсто ќе бидат зголемени платите на наставниците и останатите вработени во основните и средните училишта во Македонија, беше одлучено на вчерашната средба помеѓу Владата и СОНК. Првото зголемување ќе биде со октомвриската плата и ќе биде исплатена следниот месец.

– Ова е решение кое годинава го понудија буџетските услови, кои како нова Влада со силни напори успеавме да ги поткренеме од нивото на кое беа оставени од претходната власт. Ова решение е дел од подолгорочен план кој го договоривме со СОНК, а кој ќе значи гарантиран континуиран раст на платите на наставниците во следните 4 години за околу 46 отсто, но и континуирани можности за кариерен и професионален развој на наставниците и подобрување на условите за работа – вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Просветните работници и синдикатот требаше да добијат зголемување на платите од 12 отсто во септември. Во август Јаневска изјави дека поради лошата состојба со буџетот и необезбедени средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бараше синдикатот, но вети зголемување во март 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни