Нов видео канал 4TV.mk – медиум за луѓето, не за сензациите

Од 4TV.mk соопштија дека новиот канал ќе се насочи кон објективно известување и теми без сензационализам

Се формира нов видео канал под името 4TV.mk, кој ќе биде фокусиран на човечки приказни и објективно информирање, соопштија од 4TV.mk. Според најавата, каналот ќе понуди содржини што ќе стават акцент на гласовите и темите кои, како што велат, ретко добиваат простор во медиумскиот простор.

Од 4TV.mk информираат дека новиот канал произлегува од потребата да се отвори простор за приказни кои, според нив, остануваат во сенка на доминантните политички и сензационалистички содржини.

„Постојат приказни што никогаш не се раскажани и гласови што ретко се слушаат. Нашата мисија е да им дадеме простор на тие гласови,“ велат од тимот на 4TV.mk.

Како што соопштија, каналот ќе се фокусира на објективно известување без сензационализам, на портрети и стории за поединци и локални заедници, како и на ексклузивни теми и агли на гледање кои не се често застапени во традиционалните медиуми.

Во соопштението се наведува дека преку оригинални видео содржини, репортажи и разговори ќе се обработуваат реални општествени предизвици и теми од секојдневниот живот.

Според 4TV.mk, целта е да се прикаже пошироката слика на општеството преку приказни кои, како што наведуваат, се засновани на нијансите на реалноста.

Од 4TV.mk засега не соопштуваат точен датум на старт на емитување, но најавуваат дека во наредниот период ќе бидат објавени првите оригинални видео содржини на каналот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни