Лука Шестак за прв пат премиерно со неговото трио и за македонската публика во Скопје, ќе настапи во салата на Македонската Филхармонија 19 Октомври 2024 во 20.30 часот.
,,Младиот виртуоз на пијано, YouTube ѕвезда и повеќекратен добитник на награди Лука Шестак кој ќе ве воодушеви со своите оригинални композиции и особено креативни пијано аранжмани. 29-годишниот пијанист не само што користи џез теми, туку користи и класични композиции и ги претставува во ново светло во неговите препознатливи џез аранжмани.Лука Шестак ве води на патување со огнена виртуозност, која често ја доведува клавирската техника до нејзините граници, до духовен минимализам, каде што секој акорд ви влегува под кожа. Со младешки ентузијазам и шарм, Лука Шестак се движи помеѓу џез, класика, поп, блуз и фанк и ги комбинира жанровите на еден само нему претпознатлив начин” се вели во најавата за концертот.
Со својот нов албум „Lighter Notes“, Лука покажува како Шопен станува фанки, го свири Бах во џез-клубот и исто така извлекува звуци и ритми од пијаното со свои композиции кои дефинитивно не се слушнати до сега.