„Во рамките на фестивалот ќе се одржат пет соло рецитали и два заеднички концерта: на победниците во различни категории и на македонските наградени пијанисти. На првиот фестивалски ден, 13 септември, рецитали одржаа пијанисти од Велика Британија, Израел и Чешка, како и Андреј Шаклев, Македонец кој живее во Италија. Денес, на 14 септември, пијано рецитал ќе одржи лауреатката на ланскиот натпревар, Јоана Маја Јасновска од Полска. Истиот ден ќе се одржи концерт на македонски млади пијанисти“, вели Максимова, која е претседателка на интернационалното здружение за културен развој и едукација „Арт фест“.
Како што додава организаторот, акцентот на фестивалот е ставен на големиот свечен концерт на победниците, што ќе се одржи на 14 септември од 20 часот, на кој ќе настапат пијанисти од 12 земји и тогаш ќе се врачат медалите, плакетите, дипломите и паричните награди.