Историска одлука: 400 милиони барели нафта ќе се пуштат на светскиот пазар

Меѓународната агенција за енергија (IEA) најави рекордно пуштање на 400 милиони барели нафта од стратешките резерви за да се ублажи кризата во снабдувањето поради речиси целосното затворање на Ормускиот Теснец.

Земјите членки на Меѓународната агенција за енергија (IEA) едногласно одлучија да го започнат најголемото ослободување на итни резерви на нафта во историјата на организацијата, соопшти извршниот директор на IEA, Фатих Бирол.

„Земјите на IEA ќе пуштат на пазарот 400 милиони барели нафта за да ја надоместат испораката што е изгубена поради практичното затворање на Ормускиот Теснец“, изјави Бирол во обраќање во живо, кое беше пренесувано на интернет-страницата на агенцијата.

Рекордни 400 милиони барели

IEA потврди дека рекордни 400 милиони барели сурова нафта од итните резерви ќе бидат пуштени на пазарот за да се ублажат нарушувањата во снабдувањето предизвикани од војната.

Агенцијата наведува дека резервите ќе се пуштаат на пазарот во временска рамка која ќе одговара на околностите во секоја поединечна земја членка.

Шеста координирана акција во историјата на IEA

Станува збор за шеста координирана акција за ослободување на стратешки резерви од основањето на IEA во 1974 година.

Претходно вакви мерки биле преземени во 1991 година за време на Првата заливска војна, во 2005 година по ураганот Катрина во САД, во 2011 година за време на војната во Либија и двапати во 2022 година по руската инвазија врз Украина.

Ормускиот Теснец речиси целосно блокиран

Војната што започна на 28 февруари сериозно го наруши протокот на нафта низ Ормускиот Теснец. Извозот на сурова нафта и рафинирани нафтени производи моментално е намален на помалку од десет проценти од нивото пред конфликтот, поради што операторите во регионот се принудени да затворат или да намалат голем дел од производството.

Според податоците на IEA, најпогодена во моментов е Азија.

Вкупните резерви надминуваат 1,8 милијарди барели

Земјите членки на IEA располагаат со итни резерви поголеми од 1,2 милијарди барели нафта, додека индустриските резерви што се чуваат врз основа на државни обврски изнесуваат дополнителни околу 600 милиони барели.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни