Истражување на „Аналитика тинк тенк“, независна институција за истражување на јавните политик, покажа дека во Македонија младите почнуваат да пушат на 13 години, а 40 отсто од популацијата до 18 години се пушачи.
Анализата беше претставена на на регионалната работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“.
Од „Аналитика“ нагласија дека покрај образовани мерки, клучна е и строга примена на забраната за продажба на тутунски и никотински производи на малолетници, како и рано развивање позитивни навики и отпор кон „новите“ производи (на пр. електронски цигари), кои не се без ризик за здравјето на младите.
Тамара Мијовиќ Спасова од Аналитика тинк тенк истакна дека Северна Македонија сѐ уште рангира како земја со една од повисоките стапки на пушење.
-Факт што нас нѐ загрижува и нашите анализи што покажуваат е дека младите во Македонија покажуваат сериозна стапка на пушење. Она што можеме да го направиме и како тинк тенк и како цело општество е да реагираме соодветно. Прво на младите под 18 години – анализите ни покажуваат дека им се забранува продажба при продавање значи треба да се почитува законската регулатива. Најважна е и едукацијата и превенцијата да почнуваат од многу рана возраст. Од рано да ги едуцираме младите дека генерално пушењето е штетно и да развиваат пиозитивни навики, рече таа.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) лани во ноември ја отвори и линијата (078/285-873) за откажување од пушење цигари „Не пуши, откажи се“ која работи секој понеделник и среда, од 11 до 13 часот.