4-те начини да спречите опаѓање на косата во текот на есента

Постојат четири важни работи кои во текот на есента треба да ги направите за да го спречите опаѓањето на косата, перутење и мрсење

Кога доаѓа есенското време, проблемите со косата се влошуваат, но овие четири начини на нега на вашиот скалп можат да ги спречат.

Есента е идеално време да ѝ дадете на вашата коса вистински спа третман дома.

По летото, косата е често сува и ослабена, па сега ѝ е потребна дополнителна нега.

4-те најважни работи што мора да ги направите оваа есен за вашата коса:

Чистење на скалпот

За темелно чистење на темето, треба да користите сода бикарбона. Сè што треба да направите е да ставите мала лажичка сода бикарбона во дланката, да додадете неколку капки шампон за коса и добро да го истриете скалпот.

После тоа, измијте ја косата со млака вода. Можете да го повторите ова двапати за време на едно миење, т.е. два шампони со сода бикарбона за да бидете сигурни дека ќе го измиете секој дел од вашата глава. Содата бикарбона ќе ги исчисти темето, но и прамените на косата од нечистотии, првут и маснотии, додека вашата коса ќе биде свиленкаста и чиста.

Длабински хидрирајте ја и негувајте ја косата

За длабинска хидрирање и негување на косата, можете да користите маслиново или кокосово масло, мед и јогурт, кои се прекрасна комбинација за длабока хидратација. Фокусирајте се на врвовите, нежно масирајте ги производите и оставете да делува 20-30 минути. По плакнењето, можете да нанесете серум или неколку капки арганово масло за сјај и заштита.

Плакнување со чај од коприва

Нашите баби со години користеле чај од коприва за плакнење на косата. Благодарение на него, имале бујна и сјајна коса без првут. Чајот од коприва, исто така, ќе спречи опаѓање на косата. Сè што треба да направите е да сварите половина литар чај од коприва, да го процедите и да ја исплакнете косата со него по миењето.

Редовно шишање

Нема смисла да растете коса чии врвови се рапави и тенки. Редовните посети на фризер ќе ви помогнат да ја одржите косата во форма, но исто така ќе спречат и кршење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни