4 протеини што го намалуваат апетитот и поттикнуваат слабеење

Во продолжение ви претставуваме четири протеински намирници кои нутриционистите ги препорачуваат како сојузници во борбата со вишокот килограми:

Одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта е клучно за целокупното здравје, особено кога целта е слабеење. Според нутриционистите, одредени немасни извори на протеини можат да помогнат да се чувствуваме сити подолго, да се стабилизира апетитот и да се поддржи процесот на губење на тежина.

Во продолжение ви претставуваме четири протеински намирници кои нутриционистите ги препорачуваат како сојузници во борбата со вишокот килограми:

Махунарки

Грав, леќа, боранија и други махунарки се одличен извор на растителни протеини и влакна.
Според диететичарката Крутика Нанавати, тие ја успоруваат апсорпцијата на глукозата и го одложуваат празнењето на желудникот, што придонесува за подобра контрола на шеќерот во крвта и подолготрајно чувство на ситост.
Идеални се за лица со предијабет или нестабилен шеќер.

Јајца

Јајцата се комплетен извор на протеини, содржат и здрави масти и есенцијални хранливи материи како холин.
Лекарот д-р Ралф Валдо вели дека консумирањето јајца може значително да го намали апетитот и да го поттикне слабеењето, без да предизвика значајно покачување на шеќерот во крвта кај дијабетичари.
Клучот е во умерената и балансирана употреба.

Грчки јогурт

Овој тип јогурт има висока содржина на протеини и низок гликемиски индекс, што значи дека не предизвикува нагло покачување на шеќерот во крвта.
Нанавати препорачува незасладени варијанти за да се избегнат додадени шеќери.
Одличен е како појадок или ужина за одржување на енергија и ситост.

Киноја

За разлика од бел ориз или друга преработена храна, квинојата е целовита житарица што содржи сите 9 есенцијални амино киселини и е богата со влакна.
Нутриционистката Јасмин Рибеиро истакнува дека квинојата заситува и помага во регулацијата на шеќерот во крвта, што ја прави одличен избор за здрава исхрана и слабеење.
Може да се комбинира со зеленчук, месо или како основа за оброк.

Ако сакате да слабеете на природен начин и притоа да го одржите шеќерот во крвта во стабилни граници, размислете за вклучување на овие четири извори на немасни протеини во вашата исхрана.
Нивната висока нутритивна вредност, ниска калориска содржина и способност да го намалат апетитот ги прават идеални за секојдневна консумација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни