Џа време на менопаузата, кога нивото на женскиот полов хормон естроген опаѓа, се зголемува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Естрогените имаат заштитна улога во женското тело, бидејќи ја одржуваат еластичноста на крвните садови, го намалуваат нивото на лошиот ЛДЛ холестерол и го зголемуваат нивото на добриот ХДЛ холестерол. Со намалување на нивото на естроген, оваа заштита ослабува, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања.
Омега-3 масните киселини играат важна улога во оваа состојба, обезбедувајќи дополнителна заштита за срцето. Според кардиолозите Светислав Малишиќ и Горан Поповиќ, овие киселини можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести на следниве начини:
Намалување на Триглицеридите
Високите нивоа на триглицериди се поврзани со зголемен ризик од срцеви заболувања. Омега-3 масните киселини помагаат во намалување на овие нивоа, што позитивно влијае на здравјето на срцето.
Намалување на холестеролот
Омега-3 масните киселини го зголемуваат нивото на добриот ХДЛ холестерол и го намалуваат лошиот ЛДЛ холестерол. Ова помага да се спречи развојот на атеросклероза, која може да доведе до срцеви проблеми.
Намалување на воспалението
Омега-3 масните киселини го намалуваат воспалението во телото, што помага да се спречи оштетување на крвните садови и да се намали ризикот од срцеви заболувања.
Регулирање на срцевиот ритам и намалување на р4изикот од аритмии
Омега-3 киселините можат да помогнат во регулирање на срцевиот ритам, што е особено важно за жените во менопауза, кои се изложени на зголемен ризик од аритмии и други срцеви проблеми.
Најдобрите природни извори на омега-3 масни киселини се рибиното масло, мрсната риба, лененото семе, семето од чиа и јаткастите плодови. Внесувањето на овие намирници во исхраната може да обезбеди дополнителна заштита за срцето, особено за жените во менопауза.