Факт е дека во последниве години усвоивме попозитивен однос кон возраста, давајќи должно значење на стареењето и трендот кој сега наложува жените да се чувствуваат убаво, без разлика на бројот на години. И за среќа, трудот вроди со плод бидејќи денес повеќето жени прифаќаат дека времето неминовно минува кое остава траги на нивното лице.
Сепак, без разлика на возраста, секоја жена сака да изгледа посвежо и поодморено, а во тоа ќе ви помогнат малите тајни за шминкање.
Пред шминкањето секако мора да се внимава на правилната рутина за нега на кожата која треба интензивно да се следи, за што повеќе да се омекнат брчките и линиите кои со текот на времето се продлабочуваат.
Постојат некои мали вообичаени грешки кои се прават во шминкањето и додаваат години дури и на младите жени. Затоа, не станува само збор за „проблем“ поврзан со годините, туку се работи за сите девојки, без разлика на годините, кои можат да претераат со шминкањето и несвесно да си додадат повеќе години на своето лице.
Многупати сме виделе 20-годишни девојки кои изгледаат како да имаат 40 години, исто како што им се восхитуваме на жените на 60 и 70 години кои со правилна шминка изгледаат дури 20 години помлади.
А кога велиме правилна шминка, не мислиме на нешто многу тешко на технички план, туку на многу мали работи кои сите ги правиме несвесно.
Помалку пудра
Многу жени веруваат дека колку повеќе нанесуваат пудра на својата кожа, толку подобро ќе ги покријат линиите и брчките. За жал, повеќе слоеви пудра има сосема спротивен ефект, бидејќи производот само ги нагласува брчките и ги прави уште поизразени. Всушност, често се забележува дека шминката „пука“, создавајќи брчки и таму каде што ги нема. Поради оваа причина, добро е секој пат да ја намалувате количината на пудра што сакате да ја нанесете, да користите козметички блендер за уште порамномерен ефект и подобра апсорпција на составот, но и да преферирате лесни течни композиции.
Руменило на вистинските места
Новите трендови сугерираат руменилото да го нанесуваме на јаболчниците и кон очите, бидејќи тоа создава ефект на кревање што ги подигнува и прави да изгледаме помлади.
Кажете не на (многу) тенки веѓи
Не случајно жените со дебели и природни веѓи изгледаат многу помлади. Можеби тоа е поврзано со фактот дека, како што минуваат годините, влакната од веѓите постепено ни опаѓаат. Покрај тоа, густите веѓи кои се толку модерни во последните години даваат свеж изглед и кул, модерен ефект. Обидете се да не се плеткате со пинцетите и пополнете ги со молив за веѓи или гелови кои одговараат на нивната природна боја.
Избегнувајте темни кармини
Бордите и црвените кармини, колку и да се убави, имаат тенденција да ги прават усните помали и потенки, карактеристика што може да направи да изгледате постаро. Претпочитајте кармини во нијанси на лосос и други пастелни тонови кои им даваат на усните живост и боја и прават да изгледаат младешки.
Генерално, „помалку е повеќе“ важи и за шминката, бидејќи кога лицето е преоптоварено со шминка, речиси сигурно ќе изгледаме постари, дури и да сме… тинејџерки.