4 мај е ден што фановите ширум светот го слават како Денот на „Војна на ѕвездите“, неформален празник посветен на култната научно-фантастична франшиза создадена од Џорџ Лукас. Овој датум е избран поради игра на зборови со познатата фраза „May the Force be with you“, која фановите ја адаптирале во „May the Fourth be with you“, што го направило 4 мај совршен ден за прослава на оваа епска сага.

Прв пат оваа фраза била изговорена веројатно на 4 мај 1979 година, кога британската Конзервативна партија ја честитала победата на Маргарет Тачер со порака во весникот London Evening News: „May the Fourth be with you, Maggie“.
„May the 4th“, како што велат фановите, со текот на времето прерасна во „Star Wars“ ден, неофицијален празник посветен на славење на вселенската сага и целиот франшизен универзум околу неа. Овој ден го создадоа фановите како духовит омаж на една од најпознатите фрази од филмовите: „May the Force be with you“.

Иако празникот не бил официјално создаден од Лукасфилм, фановите го прифатиле и го одбележуваат со различни активности – од тематски настани, костимирани забави, до маратонско гледање на филмовите. Подоцна, Лукасфилм и Дизни го усвоија како официјална годишна прослава на франшизата.
„Војна на ѕвездите“ започна со премиерата на „A New Hope“ во 1977 година, поставувајќи темел за една од највлијателните франшизи во историјата на филмот. Со текот на годините, серијалот се прошири со преквел, оригинална и секвел трилогија, како и бројни спин-оф филмови и серии, меѓу кои „Rogue One“, „The Mandalorian“, „Obi-Wan Kenobi“ и „Andor“.
Фановите го одбележуваат денот на „Војна на ѕвездите“ со маратонско гледање на филмовите и сериите, костимирани забави и тематски настани, специјални попусти на „Star Wars“ производи, фановски креации, мемиња и дискусии на социјалните мрежи, како и организирани настани од Дизни и Лукасфилм. 4 мај не е само датум – тоа е ден кога љубителите на оваа вселена ја слават магијата на Џедаите, Ситите и бескрајната борба меѓу доброто и злото.

Иако не е официјален празник, толку е препознатлив што дури и поранешниот претседател Џо Бајден го одбележа минатата година кога актерот Марк Хамил (Лук Скајвокер) ја посети Белата куќа.
„Мислам дека е многу паметен начин фановите да ја прослават својата љубов кон ‘Star Wars’ еднаш годишно,“ изјави Стив Сансвит, основач и извршен директор на „Rancho Obi-Wan“, непрофитен музеј во Калифорнија кој ја поседува најголемата колекција на „Star Wars“ сувенири во светот.
За некои фанови, вистинскиот „Star Wars ден“ е 25 мај, датумот кога е премиерно прикажан првиот филм. Градскиот совет на Лос Анџелес го прогласи 25 мај за Star Wars ден во 2007 година, но Законодавното собрание на Калифорнија во 2019 година официјално го назначи 4 мај за тој ден.

Годинава, Disney+ ја премиерно прикажува новата серија „Star Wars: Tales of the Underworld“ на 4 мај, а истовремено се прикажува втората сезона од „Andor“. Ова следи по најавата дека нов „Star Wars“ филм со Рајан Гослинг ќе излезе во 2027 година.
Disney го прославува денот со нови производи – од светлечки мечеви до накит.
Повеќето тимови од Major League Baseball последниве години го одбележуваат денот со специјални настани, вклучително и боблхед фигури со играчи облечени како ликови од „Star Wars“. На пример, San Francisco Giants продадоа билети кои доаѓаат со фигура на нивниот фрлач Логан Веб како „Obi-Webb Kenobi“.
Без разлика дали сте долгогодишен обожавател или нов фан, овој ден е совршена можност да се потсетите на моќта на Силата и на наследството што „Војна на ѕвездите“ го остави во поп-културата. May the Fourth be with you!