4 август- роденден на Барак Обама, првиот претседател на САД со афроамериканско потекло

Барак Обама, поранешниот претседател на САД и првиот претседател на оваа држава со афроамериканско потекло е роден на денешен ден во 1961 во Хонолулу, Хаваи.

Тој е 44-тиот претседател на Соединетите Американски Држави. На чело со САД беше два мандати, од 2009 до 2017 година. Претходно беше сенатор на Илиноис. Во 2009 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Во автобиографската книга „Ветената земја“ преведена на македонски јазик и во издание на „Арс Либрис“, Обама ја раскажува приказната за неговата неверојатна одисеја од млад човек во потрага по својот идентитет до лидер на слободниот свет.

Книгата беше број еден бестселер и меѓу десетте најдобри книги за 2020 година според „Њујорк тајмс“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни